Леб 74, млеко 150 денари - Ова се новите цеи во Грција

За Грците денес денот осамна со нов бран поскапувања што беа побарани од кредиторите во замена за исплата на дополнителни средства за Атина од меѓународниот пакет помош, а најмногу поскапеа кафето и пивото.
Од денес данокот на додадена вредност (ДДВ) е зголемен од 23 на 24 отсто. Исто така зголемен е и данокот на интернет услуги, фиксна телефонија и на плаќањето на ТВ претплата.
Цените во Грција
Лебот чини од 70 центи до 1, 20 евра, литар млеко од 1 до 2, 5 евра, пакувањето со 6 јајца е околу 1, 20 евра, литар маслиново масло може да се најде и за 5 евра, јогуртоте од 2 до 4 евра, фета сирењето од 5 до 7 евра, а доматот до 1, 5 евра.
Лубеницата е 80 центи за килограм, а лимонот околу 1 евро.
Гирото може да се купи од 2,5 до 3 евра, а толку чини и пивото. Парчето пица е 1, 5 евра, а бензините чинат 1, 34 евра.
Најновото зголемување на данокот наиде на остри критики од страна на сопствениците на малите компании, поради тоа што според нивните зборови ќе зададе удар на потрошувачката во земјата која се уште се опоравува од шестгодишната финансиска криза, која доведе до пад на Бруто домашниот Производ за една четвртина и скок на стапката на невработеност на 24 отсто.
Шестото зголемување на стапката на ДДВ за шест години и второто по ред во последните десет месеци, значи дека нашите животи од денес ќе бидат поскапи за 437 милиони евра годишно, додека истовремено секое зголемување на данокот ја крати потрошувачката, обртот и државните приходи, изјави директорот на Грчката конфедерација на претприемаштвото и трговијата, Василис Коркидис.
Ново на Сител
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
-

Расчистена тешка кражба во Гостивар - приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато
-

Успешно завршени градежните активности за целосна демонтажа на стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје
