„Леб и сол“ со три концерти во МОБ се разделува од сцената
„Леб и сол Simphony“ е насловен концертот со кој рок-групата ќе заокружи 40 години од формирањето и ќе ги заврши настапите на сцена. Бендот, во состав Кокан Димушевски, Бодан Арсовски, Димитар Божиков и Михаил Парушев, ќе биде придружуван од Оркестарот и Хорот на Македонската опера и балет.
Поради интересот од публиката, ќе има три изведби (20-ти, 21-ви и 22 декември) со специјална програма во која нивните песни ќе прозвучат во оркестарски аранжман. Ќе бидат изведени 15-ина од целиот период на постоењето на групата - од почетокот на кариерата во доцните 1970-ти се до последниот албум. Биле избрани тие што се податливи за симфониски израз - подолги од оригиналните, со нови делови кои ја прошируваат композицијата.
- Избравме од тие што се малку поинтелектуални. За голем оркестар и хор треба да се избере точно тоа што може да добие заеднички елемент и добивме нова, уникатна форма, рече клавијатуристот Димушевски на прес-конференција во петокот.
Гитаристот Бодан Арсовски истакна дека во нивната кариера изградиле препознатлив звук, пред се рок, како и музика од други влијанија - џез и техно. Со овој концерт, рече тој, го достигнуваат врвот. Концертот воедно ќе биде и нивно разделување со сцената.
Според Димушевски, завршуваат нивните концертни настапи затоа што, рече, се има почеток и крај. - Се што е зад нас и останува е музиката. Таа ќе трае барем уште 40 години. Ќе ги нема само концертите под името „Леб и сол“, но од музика не се откажувам, можеби кога ќе наолнам 110 години, рече Димушевски.
Арсовски додаде дека музиката се уште постои во нив. – Меѓутоа, скалилата по кои се качувавме цел живот просторно и временски се потрошија, единствено останаа духовните скалила. Ова ќе биде еден убав чин во предновогодишните празници да ви понудиме нешто што ќе ја исполни вашата душа, рече Арсовски.
Ново на Сител
-
Притвор за четворица, куќен за шестмина ново осомничени за пожарот во Кочани
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во старата Градска болница
-
Во Вреди секој вреди, но кој ќе излезе ќе го изеде волкот
-
АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца
-
Неизвесен стартот и површините кои треба да бидат посеани со ориз
-
Објавен повикот за млади земјоделици - државата дава 10.000 евра
-
Кичевчани стравуваат за своето здравје - депонијата ги гуши
-
Со 2,1 милион денари ќе зацврстува иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп