Леброн Џејмс стана најдобар стрелец во историјата на НБА
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се запиша во историјата на НБА-лигата како најефикасен играч.
Триесет и осумгодишниот Американец постигна 36 поени на натпреварот со Оклахома одигран изутринава во Лос Анџелес. Леброн сега има 38.388 поени на своето конто. Тој го собори рекордот на Карим Абдул-Џабар од 38.387 поени во текот на неговата кариера.
Абдул-Џабар ги постигна своите последни поени во регуларниот дел од сезоната во НБА на 24 април 1989 година, кога Леброн имаше само 4,5 години.
Џејмс ги постигна своите први поени во НБА на 30 октомври 2003 година. Така, му требаа 19,5 години да го собори рекордот на Џабар.
Инаку, Лејкерс загубија од Оклахома со 133:130 и со биланс 25 победи и 30 порази се на 13. место во Западната конференција.
Ново на Сител
-
Четврта последователна победа на Сузука за Верстапен
-
Околу 15.000 луѓе евакуирани во Германија поради сомневање за бомби од Втората светска војна
-
Уапсени две лица, возеле мортус пијани
-
Стотици илјади луѓе учествуваа на протестите низ САД против Трамп и Маск
-
ЦУК: Санирани пријавени оштетен мост пред Визбегово и пукната водоводна цевка
-
Протест во Париз против пресудата за Ле Пен
-
САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан
-
Приведено едно лице, по друго се трага, за пукањето објавено на Фејсбук | ВИДЕO