-->
-->
Леброн продолжува со "Кавс"
-->
Еден од најдобрите играчи во НБА лигата Леброн Џејмс потпиша нов договор со екипата на Кливленд. Тоа значи дека останува во клубот во кој ја почна НБА кариерата и каде настапуваше последната сезона. Џејмс според договорот ќе треба да добива годишно 23 милиони долари.
Тој во 2003 година дојде во Кливленд како прв пик на драфтот, а по седум години минати во клубот замина во Мајами, каде за четири години освои две шампионски титули. Лани се врати во Кливленд и играше во финалето (пораз од Голден Стејт).
- Одлуката на Леброн да потпише нов договор ја покажа неговата желба да ја донесе титулата во Охајо и да ги израдува навивачите на Кливленд, изјави генералниот менаџер на клубот Дејвид Грифин.
Според информациите од американските медиуми, новиот договор е со важност од две години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите