Свет
7. November 2016 - 8:59

Ледријан: Франција ќе го поддржи ослободувањето на Рака

Францускиот министер за одбрана Жан Ив Ле дриан изјави дека Франција ќе ги поддржи воздушните удари во офанзивата против ИД во Рака, во северна Сирија. 

Тој во изјавата за француското радио „Јуроп 1“ нагласи дека „локалните територијални сили“ треба да  ја преземат Рака со воздушна поддршка на француските, американските и другите коалициони сили. 

Сириските демократски сили, групата предводена од Курдите која ги вклучува и арапските борци, и која воздушно ја поддржува САД, вчера најави офанзива. 

Рака е де факто престолнина на самопрогласениот калифат на ИД. 

Франција одамна се сомнева дека ИД го планирала минатогодишниот напад на Париз во Рака.

Франција започна воздушна операција против ИД во Ирак во 2014 година, а во Сирија во 2015 година.