Лефков: ДКСК да не молчи, Ковачевски да поднесе оставка
Дезертерот Ковачевски отворено призна дека додека бил заменик министер за финансии е исплаќана државна помош од владата и ФИТР на Пиксел груп, фирма основана од него, а сега во посед на неговиот кум. Со изговор дека тоа не е спорно за него. Но тоа што за Ковачевски не е спорно, се вика судир на интереси, изречно забрането и според Законот за спречување на корупција и судирот на интереси.
Имено во чл. 72 ст. 1 од Законот стои дека службеното лице во текот на вршењето на позицијата е должно да внимава на потенцијален судир на интереси, како и да преземе мерки за негово одбегнување.
Дезертерот Ковачевски во периодот од 2020 до крајот на 2021 година е заменик министер за финансии, период во кој се извршени исплати во висина од над 300.000 евра кон Пиксел груп дел од владата, дел од ФИТР.
Постои сериозна опасност истиот да влијаел врз таквите одлуки.
ДКСК да не молчи, и да постапи во однос на претставката која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе за Ковачевски во аферата Броило, тешка 26 милиони евра.
Дезертерот Ковачевски е централна фигура во аферата Броило, а Пиксел груп основана од него е фирмата околу која се вртат сите пари.
Пиксел груп е фирмата која ги произведува панелите кои КМГ ЕОЛ Квазар на кумот Паунов ги монтира. Меѓу големиот број на зделки на КМГ ЕОЛ Квазар се и 2 милиони евра државни тендери добиени откако е СДС на власт. И договор со ЕВН во висина од над 2 милиони евра.
Пиксел груп основана од Ковачевски, понатаму е и фирмата која заедно со ново формирана бугарска фирма гради фабрика од 54 милиони евра во ТИРЗ Тетово, фирма која како што пишуваат медиумите ќе преговара и за државна помош. И сето ова од отворање на фирмата во ТИРЗ Тетово до почеток на инвестицијата се случува откако Ковачевски е премиер. Само за потсетување ТИРЗ Тетово е зона со даночни и царински поволности и ослободувања, кои се регулирани со посебен закон.
Ако ова не е судир на интереси тогаш што е?
ДКСК да не молчи. Предвремената амнестија која се обидоа да му ја дадат на дезертерот Ковачевски пропадна во вода. Самиот призна се. Единствено правилно е сега да постапат согласно закон, и да утврдат судир на интереси, а Ковачевски да си поднесе оставка.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска