Македонија
22. April 2024 - 14:42

Лефков од ВМРО-ДПМНЕ објави дека е разбиена неговата пратеничка канцеларија во Кочани

„На ден пред гласање, разбиена е мојата пратеничка канцеларија во Кочани“, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков кој денеска одржа прес конференција пред ОВР Кочани откако претходно се одржа прес-конференција на заменикот министер за внатрешни работи од СДСМ Митко Бојмацалиев.

„Дали инсистирањето на техничката Влада и на Бојмацалиев да нема никакви кадрови поместувања во Кочани беше токму со оваа цел, односно за да се шири страв и несигурност. Овие методи не ви поминуваат повеќе! Македонија повторно твоја“, рече Лефков за инцидентот во Кочани.