Легализирани околу 30 проценти од дивоградбите во Дебарско
Во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше од вкупно доставените 9.869 барања за легализација заклучно со јануари годинава се легализирани 2.954 нелегално изградени функционални објекти или 30 проценти од регистрираните дивоградби.
Во општина Дебар, во двата предвидени рока, 2011 година, и периодот декември 2015-март 2016 година, поднесени се вкупно 3.187 барања за легализација на дивоградби.
Според Петрит Пачуку, раководител на секторот за урбанизам, од вкупниот број позитивни решенија се издадени за 972 објекта.
- Во секторот за урбанизам во општина Центар Жупа, во двата рока поднесени беа 2.092 барања за легализација. Од вкупниот број, позитивни решенија издадени се на околу 30 насто од подносителите на барања и се запишани во Агенцијата на катастар на недвижности. Во бројки изразено легализирани се 589 дивоградби, вели Шаин Шаќир, раководител на секторот за урбанизам.
Во секторот за управување со градежно земјиште при општина Маврово Ростуше, според раководителот Харис Ибраими, поднесени се 4.590 барања за легализација на дивоградби. Издадени се 1.393 решенија, односно позитивно се решени над 30 насто од вкупниот број барања.
Во трите општини над 500 барања се во тек на решавање.
Од секторите за урбанизам во овие општини ја искажуваат истата оценка дека бавноста во решавањето на барањата пред се е резултат на неажурноста на граѓаните, пред се поради недоставени геодетски елаборати, а многу мал број поради нерешени имотно-правни односи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат