-->
-->
Легенда на Интер ќе го оправа Милан
-->

Поранешниот тренер на Интер, Роберто Манчини, по завршувањето на сезоната ќе стане тренер на градскиот ривал Милан, тврди „Кориере дело Спорт“.
Како што наведува тиражниот весник, повикувајќи се на свои извори, Манчини е прв на списокот на новите сопственици на Милан. Процесот на целосно превземање на Милан од кинеските сосптвеници ќе заврши на 3.март.
Актуелен тренер на Милан е Винченцо Монтела, кој добро ја започна сезоната, пред новата година го освои и Суперкупот на Италија, но во последно време тимот е о лоша форма, има серија од три порази во Серија А поради што тренерот ја губи довербата.
Манчни од друга страна истакнува дека сака да се врати во Премиерлигата која ја освои со Мначестер Сити, а тамошните медиуми шпекулираат дека тој ќе го наследи Славен Билиќ во Вест Хем доколку Хрватот добие отказ.
Доколку трансферот на Манчини се реализира, тогаш тој ќе стане четвртиот тренер во историјата кои седел на клупите на градските ривали по Џовани Трапатони, Алберто Закерони и Леонардо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
