-->
-->
„Лекари без граници“: Во Сирија лани убиени седум илјади лица, а 155 илјади се ранети
-->

Во болниците и здравствените установи во Сирија, кои се поддржани од „Лекари без граници“ лани биле регистрирани седум илјади убиени лица и 155 илјади ранети, се наведува во денеска објавениот извештај на оваа меѓународна невладина организација.
Во документот се посочува дека оваа бројка е мошне вознемирувачка, бидејќи 70-те болници и центри, кои се редовно поддржани од „Лекари без граници“ се еден мал дел од медицинските установи во Сирија.
Меѓу 30 и 40 проценти од жртвите се жени и деца. Во извештајот се посочува дека 94 воздушни напади и ракетни напади се извршени врз 63 медицински структури во Сирија, поддржувани од „Лекари без граници“. Дванаесет од нив биле целосно разурнати, а 81 лице од персоналот се убиени или ранети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пет нови членки се приклучуваат на Советот за безбедност на ОН
-

Градоначалникот Јанков во новогодишната ноќ ги посети дежурните служби
-

Италијанско МНР: Најмалку 40 загинати и 100 повредени во експлозијата во познатиот швајцарски ски-центар
-

Приведени пијани возачи од Велес и Тетово, возач од Кочани возел во спротивна насока на кружен тек
-

Спокојна и весела новогодишна ноќ во Охрид
-

Францускиот премиер ќе ги укине доживотните привилегии за поранешните премиери и министри за внатрешни работи
-

Експлозија одзеде најмалку 10 животи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана
-

Женско првото бебе годинава во Кавадарци
