Годината само што почна, а веќе го имаме нејзиниот херој.. Неговото име е Санти Казорла!
Одличниот везен играч на Виљареал постигна два гола против Реал Мадрид и така му донесе бод на својот клуб (2:2).
Имаше десет операции при кои остана без осум сантиметри од тетивата. Имаше голема опасност од ампутација на ногата, 635 дена беше надвор од теренот. лекарите го советуваат дека треба да биде среќен ако може да оди...Меѓутоа тој не се предаде.
Напорно работеше и се врати во голем стил.
Шпанскиот фудбалер последниот натпревар во одигра во 2016 година. Играше за Арсенал против Лудогорец во Лигата на шампиони, а од тогаш дури 10 пати ја оперираше Ахиловата тетива.
„Често се прашувам дали вреди да се продолжи борбата за враќање во фудбалот и постојат период кога ми доаѓаше да се откажам, но и натаму се надевав дека ќе се вратам на нивото пред повредата“, изјави Казорла пред само една година.
Кога страотната повреда му се случи англиските лекари го отпишаа поранешниот шпански репрезентативец.
„Еден лекар му рече дека треба да бидам пресеќен доколку после оваа повреда би можел да излезам во парк и да си поиграм со синот“, рече во една прилика Казорла.
Имено, навидум рутинската операција се искомплицира. Дошло до инфекција, потоа гангрена, па на Казорла во еден момент дури и животот му бил загрозен, поради што лекалите размислувале да му ја ампутираат ногата.
За негова среќа, се заврши добро. Со напорна работа, целодневни вежби и напорите на лекарите, Казорла се извлече.