-->
-->
Лекарот на Путин предупредува: Колку вода да пиете, што да исфрлите од домот, како мобилните влијаат врз мозокот
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2020/january/f4njeagergher-247625.jpg?itok=JWODZGUn)
Членот на медицинскиот тим на рускиот претседател Владимир Путин, академик Богдан Владимирович Городиски, неодмна имаше предавање за имунитетот и причините за болестите во Суботица, Србија.
Последиците од падот на имунитетот носат околу 3.000 болести, а хроничниот стрес и влијанието на електромагнетните полиња од современото опкружување се најчестите причини, рече доктор Городиски.
Додал дека за силен и здрав организам неопходно е да се пијат по 30 милилитри вода за секој килограм од тежината. Последниот оброк треба да е околу 19 часот, а микробрановата печка треба веднаш да се исфрли од домот.
Според докторот, физичкото и менталното здравје се нераскинливо поврзани.
Медицината на 21 век е пред голем предизвик, бидејќи постоечките методи не можат да го решат проблемот со дегенерација на ќелиите и забрзаното стареење на организмот. Потребно е да користиме методи кои тој процес ќе го претворат во прецес на регенерација и обнова на организмот, порача докторот.
Городски предупреди дека вториот голем проблем го создаваат тивките и бавни, скоро незабележливи инфекции, кои многумина не знаат дека ги имаат. Токму тие се предизвикувачи на тешки заболувања, како на пример, хроничниот херпес, кој потоа носи мултипла склероза
Oгромен проблем е влијанието на електромагнетните полиња околу нас. Пример, трафостаниците би требало да бидат барем 1.500 метри надвор од населените места, а најчесто се наоѓаат само на 50 метри. Нивното влијание врз човекот е многу сериозно. Мобилниот телефон, исто така, има штетно зрачење кое продира во мозокот со длабочина од 6 до 8 см, со што го исклучува имуниот и ендокриновиот систем на организмот, предупредува тој.
Обичниот комјутер зрачи осум различни типови на озрачување кои го уништуваат нервниот систем и влијаат на штитната жлезда, создавајќи провлеми во организмот. Тука се и станиците за мобилната телефонија, радиоапаратите и телевизорите.
Луѓето не размислуваат на тоа дека често и местото на кое живеат го нарушува нивното здравје. Има многу геопатогени зони. Стресот е, исто така, исклучително опасен зошто го уништува ендокриниот и имуносистемот. Ова посебно важи за животот во константен стрес, посочи доктор Городиски.
Овој имунолог со светско реноме порача дека тајната на доброто здравје е во едноставните навики, како правилно дишење, пиење на доволно вода, умерена и здрава исхрана, шетање, пливање, ведри и позитивни мисли.
Богдан Владимирович Городиски е претседател на научниот институт при администрацијата на рускиот претседате, неколкупати е одликуван со највисоките признанија во Русија, член е на Руската и Европската академина на природни науки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски: Заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот од суштинско значење за зацврстување на стабилноста
-
НЕПТУН слави 10 години на HAPPY програмата за лојалност
-
Гир и Дрекслер се надеваат на продолжување на дијалогот со новата Влада, по изјавите на Мицкоски дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи
-
Собранието ги избра делегациите за парламентарна соработка со меѓународни институции
-
Собранието ја избра Марина Димовска за генерален секретар
-
Михајловска: Годинашната средна оценка на матура 3,25, одлична по однос на објективноста
-
Приведен жител на Свети Николе, пронајдена дрога во неговиот дом
-
СПМ: Шефовите на источниот и јужниот сосед на Македонија настапуваат оркестрирано со империјални барања против интересите на македонскиот народ