Лекувањето на пациент со Ковид-19 во Кина чини меѓу 3.200 и 140.000 долари
Кинеската Влада трошела во просек околу 23.000 јуани (околу 3.200 американски долари) за лекување на пациент од коронавирус со пневмонија, се наведува во „Белата книга“ што денеска ја објави кинескиот Државен совет под наслов „Борба против Ковид-19: Кинеска акција“.
„ До 31 мај медицинските сметки за 58.000 пациенти со потврдена дијагноза се покриени од нивното основно здравствено осигурување. Вкупната цена за тоа изнесува 1,35 милијарди јуани или 23.000 јуани по лице“, се вели во документот на Дравниот совет.
„Просечната цена на лекување на сериозно болен пациент надминува 150.000 јуани (околу 21.200 американски долари). Во некои критични случаи, трошокот надминува милион јуани ( околу 141.000 долари). Сите тие беа покриени од државата”, пресметале здравствени власти.
Владата досега издвои речиси 23 милијарди американски долари за лекување и превенција на болеста, како и други мерки за борба против епидемијата.
„Белата книга“ за третманот на коронавирусот детално ги опишува дејствата што кинеската Влада ги презела во борбата против епидемијата од 27 декември 2019 година до крајот на мај оваа година.
Ново на Сител
-
Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО
-
Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари
-
За седум дена санкционирани 116 непрописно паркирани виозила на територија на општина Центар
-
Шекеринска - Соренсен: Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за стабилноста на Западен Балкан
-
Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година
-
Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси
-
Затворени училиштата на неколку грчки острови поради невремето
-
Најмногу дожд во Берово и Виница, врнежите продолжуваат и денеска