Ленарчиќ: Реална опасност од прекин на струја во Европа
Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, ја смета за реална заканата од прекин на струја во ЕУ.
„Можно е да биде потребна помош и во рамките на ЕУ“, рече еврокомесарот на прашањето дали постои реална опасност да има голем прекин на електричната енергија во Европа.
Ленарчиќ изјави дека ЕУ работи на две сценарија.
Ако само одреден број земји-членки се погодени од проблемот, како што е прекин на струја, другите земји на ЕУ би можеле да испорачаат генератори за електрична енергија преку Европската комисија, како што е во случај на природна катастрофа, објасни тој.
„Но, доколку истовремено би биле погодени поголем број земји, така што не е можна взаемна помош, тогаш Комисијата ќе ги покрива потребите од стратешките резерви“, рече еврокомесарот.
Ленарчиќ истакна дека Европската комисија во своите стратешки резерви има противпожарни авиони, генератори на струја, пумпи за вода и лекови.
Ново на Сител
-
Инспекции во битолската болница - се утврдува причината за смртта на малата Јана
-
Ковачевски ја повика Бугарија да ги спроведе пресудите на Стразбур
-
Со 400 000 долари донација од САД реновирана Клиниката за гастро
-
Вработените во Култура бараат повисоки плати
-
Наместо да увезуваат работници, македонските компании сакаат да ги обучуваат студентите
-
Потребни се повеќе стручни лица за деца со посебни потреби
-
123 полицајци се повредени, а околу 500 лица се уапсени во големите протести во Франција
-
Молк на Касами и БЕСА за пораката „Добредојдовте во главниот град на Албанците во Северна Македонија“