Свет
7. April 2019 - 20:43

Летаа столици во телевизиска дебата: Африкански политичари се поткачија, па настана хаос во живо

Телевизиската изборна дебата во Јужна Африка се претвори во хаос кога ривалските групи почнаа да фрлаат столици едни на други во програма во живот.

Приврзаниците на Партијата на земјата, и Борците за економска слобода (ЕФФ) почнале да се напаѓаа меѓусебно, а локалните медиуми известуваат дека не е јасно што точно ја предизвикало масовната тепачка.

Домаќинот Лин Манас твиташе дека настанот е откажан поради насилниот испад.

Општите избори во Јужна Африка би требало да се одржат на 8. мај.