Летна акција за собирање електричен и електронски отпад во Ѓорче Петров

Во општина Ѓорче Петров денеска почна летната акција за бесплатно собирање електричен и електронски отпад од домовите. Акцијата се спроведува во соработка со друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“.
Она што треба да го сторат жителите на општината е да свртат на телефонскиот број 070/236-000 по што бесплатно ќе биде преземен електронскиот или електричниот отпад од прагот на нивниот дом. На истиот принцип, ќе може да пријават габаритен отпад и во најблиската урбана или месна заедница во Ѓорче Петров или во „Нула Отпад” на телефонскиот број 02/3256-309.
- Се надевам дека оваа акција ќе им биде од големо значење, како и нам, со тоа што очекуваме да се намали габаритниот отпад кој досега се фрла во близина на контејнерите и на неозначени места и тоа предизвикува проблем за нашите служби, изјави градоначалникот Александар Наумоски.
Во рамки на акцијата, поставен е и контејнер за електричен и електронски отпад пред трговскиот центар „СП Планет” во Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
-

Прободеното дете во училиште во Ченто е стабилно, но се уште е на респиратор-министерката бара измени на Законот за образование
