Летниот сонцестој кај Стоунхенџ во живо на Фејсбук на 21 јуни

Познатата Прослава на летниот сонцестој кај Стоунхенџ, годинава нема да се одржи поради забраната за големи собири воведена поради пандемијата на коронавирусот.
Организацијата Британско наследство, која управува со древното наоѓалиште, сепак, се погрижи сите заинтересирани да уживаат во изгрејсонцето во живо пренесувано на повеќе интернет-канали.
„Заради безбедноста и добробита на сите нас, моравме да ја откажеме годинашната Прослава на летниот сонцестој кај Стоунхенџ. Знаеме дека ова е посебна пригода за многумина од вас, па решивме да го пренесуваме тоа во живо“ објави организацијата на Фејсбук.
Тоа ќе се случи на 21 јуни. Од своите почетоци, овие древни објекти се поврзувале со летните и зимските сонцестои на северната Земјина полутопка. Собирањето на Стоунхенџ е вековна традиција. Секоја година, околу 10.000 луѓе се собираат тука за да го одбележат најдолгиот ден во годината.

Стоунхенџ се најде на списокот nа светско наследство на УНЕСКО уште во 1986 година.
Ова не е првпат летниот сонцестој да се емитува на Интернет. Минатата година, Британско наследство ја создаде интернет-страницата „Стоунхенџ скајскејп“, каде што луѓето од цел свет можат да ја гледаат и доживеат оваа уникатна појава.
Летниот сонцестој над Стоунхенџ ќе се емитува во живо и на Фејсбук-страницата на организацијата.
Познатотo мегалитскo наоѓалиште се состои од огромни камени блокови, но нема единствена структура. „Вратите“ биле уривани и повторно градени со векови, а најраната фаза на градба, според археолозите, се случила околу 2900 година п.н.е. Од првичните 30 исправени столбови, денес се зачувани само 17, со шест таканаречени „надвратници“.
Ново на Сител
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
-

Директорката Гиновска: Усје работи согласно законот, Владата се уште нема одлучено дали ќе го дислоцира
-

Законот за работно ангажирање стапи во сила
