Левица: Апасиев и Крмов ќе ја бојкотираат пленарната седница на која е планирано годишното обраќање на претседателот Пендаровски
Ја известуваме македонската јавност дека двајцата опозициски пратеници на политичката партија Левица во Собранието на Република Македонија – Димитар Апасиев и Борислав Крмов – ќе ја бојкотираат 96-та пленарна седница, на која е планирано традиционалното годишно парламентарно обраќање на претседателот на Републиката – г. Стево Пендаровски.
Нашите пратеници одбиваат да партиципираат во формалистичкиот театар на т.н. „шеф на државата“, кој ги одмолчи сите национал-шовинистички испади на нашите балкански соседи и божемни европски партнери – за кои, сè почесто, во нивните јавни обраќања, стануваме „Северномакедонски пријатели“. Сметаме дека еден ваков ситнодушест буржуј, без кичма и карактер, кој е безгласна буква во внатрешната и во надворешната политика и не реагира на повампирениот бугарски неоврховизам и великоалбански сецесионизам, кој сервилно го одмолчува секојдневното подигрување со инсигниите на македонската нација и негирањето на македонскиот јазик, нема ништо паметно да каже и затоа не го заслужува вниманието на нашите народни пратеници и на пошироката јавност.
Пендаровски, познат по своите психички неурамнотежени испади на прес-конференции, по својот некреативен дрвен и папагалски новоговор и апологет на поданичкиот невизионерски НАТОфундаментализам, никогаш не бил и нема да биде вистински прифатен како обединувачки „Татко на нацијата“. Овој кариерист и империјалистички слуга е еден обичен приврзок на лузерскиот заевизам и како таков ќе биде запаметен и сместен на гнојарникот на Историјата. Тој е промотор на антимакедонската сервилна меѓународна политика, која преку вазалство и национално понижување на Македонците, Републиката ни ја направи протекторат на западните корумпирани елити. Неговото неминовно заминување од политичката сцена во 2024 година ќе биде катарза за нов почеток во водењето на современа, достоинствена и мултиполарна државничка надворешна политика, креирана од новата генерација храбри македонски политичари, со визија за еден нов и праведен свет.
Да живее слободна и суверена Република Македонија!
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучување за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, воено политички експерт
-
Мицкоски: Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски
-
Влада ги отфрли доказите на СДСМ за работењето на Меџити - немало злоупотреба на положбата
-
Европратеник Вајц: И покрај Украина, проширувањето е висок приротитет на ЕУ
-
Македонија во Обединетите нации гласаше усогласено со ставот на САД