Левица: Апасиев и Крмов поднесоа барање до Пендаровски да го суспензира Законот за „ГА-МА“

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денес поднесоа Барање до претседателот на државата, Стево Пендаровски, како еден од носителите на извршната власт, да го употреби своето уставно право на суспензивно вето, гарантирано во чл. 75, ст. 3 од Уставот на РМ (1991), и да не го потпишува Указот за прогласување на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, кој беше донесен на ден 28.12.2020 година – по скратена постапка.
„Причините поради кои го бараме ова од Вас се следниве:
(1) Законот е спротивен на Амандманот XXV од Уставот на РМ, кој вели дека судската власт ја вршат судовите и дека се забранети вонредни судови – при што, во случајов, парламентот е ставен во позиција на „преки суд“ кој, по брза постапка, решава судски спор кој трае над 15 години – со закон, надвор од своите уставни надлежности, што е без преседан во досегашната државно-правна историна на Македонија, од АСНОМ до денес;
(2) Законот е привилегирачки и е спротивен на чл. 55 од Уставот на РМ, бидејќи воведува партикуларен режим на решавање стопански спорови меѓу една приватна компанија и државата, спротивно на уставно загарантираната „еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот“;
(3) Станува збор за исклучително штетен и сомнителен закон, кој е спротивен на јавниот интерес, бидејќи за стар и амортизиран гасовод, кон има номинална вредност од околу 18 милиони ЕУР, државата ќе треба да исплати скоро 33 милиони ЕУР – и тоа во време на економска и здравствена криза од сериозни размери“, се наведува во Барањето на пратениците.
Поради горенаведеново, искрено се надеваме дека претседателот Пендаровски, ќе ги искористи уставните ингеренции и нема да го потпише овој контроверзен Закон, за коj пратениците дебатираа цели 22 часа без прекин, на една од најдолгите маратонски пленарни седници во поновата парламентарна историја на Македонија.
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
