Левица: Арбер Адеми отворено покажа дека власта го крие протоколот

На денешната прес конференција, претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, кажа дека Протоколот не се објавува под изговор дека истиот не е финализиран и потпишан.
Во Општиот став на ЕУ, кој се однесува на отворање на преговорите со Македонија, јасно се упатува на член 12 од Договорот со Бугарија и на Протоколот, кој шминкерски се нарекува Годишен извештај или преглед.
Со други зборови ПРОТОКОЛОТ Е ДЕЛ ОД "ФРАНЦУСКИОТ" ПРЕДЛОГ.
Имајќи го ова предвид, како може Протоколот да не е финализиран, кога истиот е дел од "францускиот" предлог?
Или пак ако истиот навистина не е финализиран, тогаш како Собрание ќе одлучува по "францускиот" предлог кога дел од тој предлог е нефинализиран Протокол?
Основна карактеристика на демократија се информирани граѓани и носење одлуки транспарентно врз основа на информации.
Денешната прес-конференција е класична прес-конференција на автократски режим чија цел не е да информира, туку да ја манипулира јавноста и да шири дезинформации.
Затоа ве повикуваме и денес, во 19 часот, да излеземе масовно на протест за да му кажеме НЕ на хибридниот режим и неговите автократски методи!
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
