Македонија
13. January 2021 - 15:39

Левица: Богоев потпишал договор во висина од 279.660 денари за консултантски услуги за оценка на програмските активности на општина Карпош

Стефан Богоев, како градоначалник на Општина Карпош на 18 декември потпишал договор со Агенција Рејтинг СП-М застапувана од страна на Никола Спасов, за консултантски услуги за оцена на успешноста на реализацијата на програмските активности на Општина Карпош во 2020 година. Овој потпис на Богоев ќе ги чини жителите на Карпош 279.660 денари.

Услугата, како предмет на договор, по својата природа е повеќе од скандалозна, а со потпишувањето на овој договор Богоев ги потценува способностите на администрацијата на општината во однос на можноста самата да ја оценува реализацијата на програмските активности.

Не само што ваква услуга не е потребна, туку истата е на директна штета на жителите на општината. Ова неодговорно трошење народни пари отвора и неколку сомнежи:

Дали Богоев со овие пари си ја плаќа анкетата за претстојните локални избори?

Дали е точно дека Богоев со Спасов се познаваат приватно и овој договор произлегува од нивната заедничка соработка во НГО секторот?

Дали Богоев со овој договор ја потврдува неспособноста на својата партиска администрација?

Зошто Богоев се задолжува за капитални проекти, а основниот буџет го троши на пропаганда?

Политичка партија Левица