Левица: ДПМНЕ и ДУИ го продадоа езерото Mладост
На последната седница во Советот на Општина Велес, без никаква транспарентност, коалицијата од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заеднички изгласаа продажба на пет атрактивни парцели на велешкото езеро Младост!
Парцелите се оттуѓени во 2022 година и мистерија е на кој начин општинскиот имот преминал во приватни раце. Градоначалникот Марко Колев се прави дека не е запознаен кој му го купил земјиштето, за кое самиот е надлежен.
Иако Колев ветуваше дека во неговиот мандат ниту една парцела нема да се продаде покрај езеро Младост, очигледно нечии лукративни интереси преовладоа.
Сите еколошки здруженија од Велес и стручни лица беа едногласни дека не смее да се дозволи дополнителна урбанизација на крајбрежјето на езеро Младост, но тоа не го разубеди градоначалникот Колев!
Го повикуваме градоначалникот Марко Колев да излезе пред јавноста и да објасни како беше спроведена приватизацијата на овие парцели, што е предвидено да се гради и за чии бизнис-интереси одработува со неговата одлука.
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-

Внимавајте: Лажни пораки за наводен сообраќаен прекршок се испраќаат од странски број
-

Породилно од 9 на 12 месеци – има ли простор за ваква мерка?
-

Пожар во Визбегово – ставен под контрола, но активен
-

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија има најниски цени на бензините
-

Се одбележува 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
-

Денот на македонскиот јазик одбележан и во Собранието
-

Случајот со родилката Веапоска од Дебар ќе почне од почеток
-

Средношколци од Струмица започнаа со обнова на клупите во градскиот парк
