Левица: Газењето на македонскиот јазик од Oсмани е дел од софиската платформа
Во период на агресивно негирање на македонскиот јазик од бугарска страна и особена сензитивност на јавноста по ова прашање, хирургот од Министерството за надворешни работи Бујар Османи, одлучи да не ги почитува Уставот и законите и при средбата со шпанскиот колега го погази македонскиот јазик.
Имено, иако Уставот предвидува дека единствен службен јазик за меѓународна употреба во Македонија е македонскиот јазик, Османи на официјалната средба користел единствено јазик на странска држава, односно албанскиот јазик.
Ова не е прв скандал што го прави Министерот со шпанските колеги. Минатата година при посетата на Шпанија тој лобирал за признавање на Косово од оваа држава, скандал за кој јавно се пофалија од шовинистичката ДУИ!
Постапката за исфрлање на македонскиот јазик во меѓународните односи го оценуваме за антидржавен чин од претставата што ја спремаат режисерите на „Софиската платформа“, каде главни интерпретатори се Владата на СДСМ и ДУИ, на чело со Османи.
Левица најстрого го осудува ова смислено сценарио за „газење“ на македонскиот јазик!
Левица
Ново на Сител
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
