Левица: Поднесовме претставка против помошникот началник во СВР Битола за инцидентите на Мечкин Камен

Министерот за правда Никола Тупанчески сè уште молчи за организираната параполициска структура, која изврши сет на кривични дела за време на манифестацијата на Мечкин Камен.
Левица претходно поднесе кривична пријава против началникот на СВР Битола, Бенито Јошевски, кој насилнички им ги одзеде транспарентите на активистите на Левица.
Поради ваквото тоталитарно владеење на полицискиот режим и молкот на министерот Тупанчески, правниот тим на Левица поднесе Претставка до Одделот за внатрешна контрола при МВР против Африм Јусуфи – Помошник началник во СВР Битола, поради организирано малтретирање на обични граѓани на прославата на Илинден.
Дополнително, поднесена е кривична пријава против Драган Ѓуриќ и Љупчо Кузмановски – припадници на Затворска полиција од КПД Прилеп и КПУ Идризово.
Имено, Ѓуриќ, Кузмановски и Јусуфи координирано им даваа наредби на полициските службеници, но и директно на граѓаните, коишто мирно го изразуваа својот протест да се турнат и повлечат назад. Со тоа, тие прекршија низа уставно загарантирани слободи и права на граѓаните – право на собир, изразување на мирен јавен протест, слобода на мислата и право на јавно изразување на мислата!
Дополнително, незаконски присутните припадници на затворската полиција, бранејќи го коридорот, давајќи им наредби на службените лица – полицајци, како и со нивните непосредни интервенции и преземања дејствија кои само овластено службено лице смее да ги преземе – ги доведоа граѓаните во заблуда однесувајќи се како службени лица (иако не се) и со тоа извршија кривично дело „Лажно претставување“ казниво по член 391 став 2 од Кривичниот законик.
Иако се работи за диригирано насилство од страна на врвот на СДС, чие владеење експлицитно преминува во диктатура – министерот Тупанчески наместо да преземе мерки за сериозно расчистување со ваквите насилни структури, истиот молчи и е соучесник на тоталитарниот режим на СДС и ДУИ.
Центар за комуникации на Левица
Ново на Сител
-

СП 2026: Мбапе со гол од пенал ја однесе Франција во четвртфинале
-

55 санкции за возачи на мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети - шест лица уапсени за “безобѕирно управување”
-

Македонските каратисти со 58 медали и прво место на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
-

Биланс на двата земјотреса во Венецуела: Речиси 3.000 мртви и над 16.500 повредени, 50.000 лица се водат за исчезнати
-

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола
-

Возобновеното полициско училиште ќе прими 200 ученици, од МВР очекуваат силна конкуренција за првата генерација во „7 Мај“
-

Трамп во говорот на 250-годишнината од независноста на САД: Оваа земја е дом на слободата
-

Објавена нова листа на најмоќни пасоши во светот: Македонија на 78-место
