Левица: Трошоците за живот двојно зголемени - власта без решение за инфлацијата

Водењето политика без никаков економски концепт ја доведе работничката класа во колапс. Дивиот капитализам создаден од партиите на власт, одново и одново генерира кризи, после кои, сиромашните стануваат посиромашни, а богатите уште побогати. Главен проблем е што огромен број од вработените луѓе живеат во сиромаштија, а со две минимални плати, едно семејство не може да обезбеди егзистенција.
Додека платите стагнираат, вкупниот раст на трошоците за живот, во последните 4 години е неверојатни 43,3%. Според податоци од Светска банка и ДЗР, над 450.000 иљади лица живеат под прагот на сиромаштијата. Според УНИЦЕФ, над 10.000 илјади деца, живеат во исклучителна сиромаштија само поради поскапувањето на храната и претходно енергенсите. Вработувањето одамна не гарантира бегство од сиромаштија, околу 9% од вработените живеат во сиромаштија.
Власта се промени, трендот на инфлација остана исти. Инфлацијата за ноември споредено со минатата година изнесува 4.3%, додека за декември 4.4%. Кошничките на Мицкоски не го подобрија животот на граѓаните, храната продолжи со ист тренд на инфлација, основните продукти станаа луксуз, додека профитите на маркетите ја живеат својата ренесанса за време на празниците, секако, цехот од лошата политика оди на грбот на граѓаните.
За немањето економска визија на коалицијата на власт предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ, говори фактот, дека Македонија има најголема стапка на инфлација годинава (4.3%) споредено со која било од соседните земји, дури двојно поголема споредено со Бугарија (2.1%) и Албанија (2.0%).
Левица предупредуваше на ова, и предхоно посочуваше мерки кои можат краткорочно и среднорочно да влијаат врз намалувањето на инфлацијата. За жал, партиите на власт, водени од политичките и изборните интереси, изгласаа „уличарски“ Буџет, којшто нема интенција да го подобри животниот стандард на граѓаните. Распределбата на парите од т.н. „унгарски кредит“ наместо според реалните потреби на граѓаните, оди согласно потребите на Стопанските комори, што дополнително ја продлабочуваат кризата, за која, на крајот од денот, арачот го плаќаат граѓаните.
ПП Левица
Ново на Сител
-

Две возила утрово опожарени на „Џон Кенеди“ | ВИДЕО
-

Ѓорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит
-

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане
-

Миланов: Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод
-

Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
-

Маж со нож повредил двајца туристи пред влезот на Акропол во Атина
-

Меси им кажал на соиграчите дека финалето на СП 2026 е неговиот последен натпревар за Аргентина
-

Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив
