Левица: Запрена истрагата за поранешната директорка на Онкологија
Откако Левица побара одговор за кривичната истрага против поранешната директорка на Клиниката за онкологија, Симонида Црвенкова, која во 2011 година нанела штета на Фондот за здравство во висина од 350.000 евра – Јавното обвинителство одговори дека надлежниот обвинител после 4 години се откажал од кривично гонење, бидејќи делото кое ѝ се става на товар не било кривично дело кое се гони по службена должност!?
Во 2012 година, МВР поднесува пријава за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, врз основа на утврдени неправилности, констатирани од извршената контрола на Клиниката за Онкологија од страна на овластени лица од ФЗОМ, како и по извршениот надзор од страна на одделението за внатрешна ревизија при Министерството.
Понатаму, делото кое ѝ се ставало на товар на поранешната директорка се преиначува во „Несовесно работење во службата“.
Иако согласно закон, двете кривични дела се водат по службена должност, сепак обвинителот до истражниот судија, после четиригодишна истрага, доставува допис дека се откажува од гонење со образложение дека делото не се гонело по службена должност, кој допис пак, судот го прифаќа и ја запира истрагата!
И покрај релевантните докази против неа, потпомогната од правосудните органи, поранешната директорка, која уште работи на Клиниката, не се соочува со правдата и на тој начин се дозволува криминалот во постапката за набавка на лекови на Клиниката за онкологија да се продолжи до ден денес.
Зад уништувањето на здравствениот систем во Македонија стојат лица, имиња и презимиња, почнувајќи од поранешниот министер Венко Филипче - кои треба да ѝ се познати на јавноста и кои треба да одговараат за нивното соучесништво и профитирање на грбот на оние кои се борат за живот.
Левица
Ново на Сител
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар