Либан ќе се спротистави на каква било „агресија“ од Израел

Врховниот совет за одбрана на Либан издал наредба до армијата да се спротистават на каква било „агресија“ од Израел преку копнената или морската граница на државата.
Во соопштението не се дадени детали, но се совпаѓа со есклација на тензии меѓу двете соседни држави, кои немаат склучено мировен договор и во пракса се во состојба на војна.
Во центарот на спорот е експлоатација на морско наоѓалиште за природен гас и нафта, каде се наоѓа нивната морска граница. Либан протестира и поради намерите на Израел да изгради заштитен ѕид на копнената граница меѓу двете држави. Израел се надева на меѓународно посредништво за спорот со Либан за наоѓалиштето за гас и нафта.
Либанскиот претседател Мишел Аун, премиерот Сад ел-Харири и претседателот на Парламентот Набих Бери, во вторникот го обвинија Израел дека претставува закана за стабилноста на границата меѓу двете земји.
Тројцата либански лидери се согласија дека ќе го запрат Израел во намерата да изгради ѕид на либанска територија, на границата меѓу двете земји. Израел, меѓутоа, тврди дека изградбата на ѕидот ќе биде на нивна територија, а не на либанска
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
