Либерман не и дозволи на израелска делегација да оди на состанок на Западниот брег
Канцеларијата на израелското Министерство за одбрана денеска соопшти дека на израелска делегација не и дозволува пат на Западниот брег, каде е договорен состанок со палестинскиот претседател.
Канцеларијата на Авигдор Либерман соопшти дека го одбила барањето на делегацијата да патува во Рамала, бидејќи во палестинската екипа, се која е предвиден состанокот, бил вклучен и Мохамед Ал-Мадани, помошникот на претседателот Махмуд Абас задолжен за соработка со израелското општество.
Либерман го обвини ал - Мадани за „субверзивни активности“, пренесуваат американските медиуми.
Израелската делегација е формирана врз основа на Женевската иницијатива, група која го промовира договорот за мировната спогодба со Палестинците. Екипата ја сочинуваат Јоши Беилин некогашен министер и мировен преговарач и членови на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Гади Балтиански, шефот на групата, го обвини Либерман дека безбедноста ја користи како изговор за испраќање политички пораки.
Ново на Сител
-
Голем број гости се очекуваат за празниците во Охрид
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден