-->
-->
Личел на „Сунѓер Боб“ и заработил суспензија
-->

Фудбалскиот сојуз на Иран му изрече шестмесечна суспензија на голманот Сошу Макани поради „серија прекршоци“, пренесе агенцијата Isna.
Како што се наведува, поранешниот голман на Персеполис е казнет бидејќи носел жолти пантолони кои наликуваат на популарниот анимиран лик „Сунѓер Боб“.
Слика на Макани, кој е облечен во жолти пантолони кои наликуваат на „Сунѓер Боб“, се проширила по социјалните мрежи, поради што голманот се нашол на удар на јавноста во Иран.
Спортски и јавни личности во Иран често се критикувани поради нивниот начин на облекување и однесување. Тврдокорните линии во државата сметаат дека западната култура е корумпирана и антиисламска.
Голманот Макани може да ја обжали оваа одлука на Фудбалскиот сојуз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Заменик министерот за образование Алиу поднесе оставка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
