„Лидер проект 2016“ за подобри бизнис вештини
Четириесет и четири менаџери ќе ги усовршуваат своите бизнис и претприемачки вештини на обуки во рамки на деветтото издание на програмата за бизнис образование „Лидер проект 2016“, што ќе се одржи денеска во Скопје.
„Лидер проект“ е во организација на „Македонија 2025“ во соработка со школата за бизнис „Ричард Ајви“ од Канада.
Учесниците во програмата ќе ги подобруваат вештините според методите на канадската школа за бизнис.
Програмата и можностите што се нудат со неа ќе ја претстават Билјана Марковиќ, директор на Македонија 2025, Игор Поповски, директор и косопственик на ВСД Меркур, претседавач со Лидер проектот и член на Одборот на директори на Македонија2025, како и инструктори на „Лидер проектот“ од школата „Ричард Ајви“.
Организацијата Македонија 2025 е формирана во 2007 година со цел да се помогне во креирање просперитетна економска клима за македонските граѓани и странските инвеститори во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Најмалку 20 повредени при влетувањето на автомобил во толпа во Минхен, возачот е уапсен
-
Бугарин приведен во Куманово за измама на повеќе лица
-
Јаневска: Расправата за концепцијата за гимназиско образование ќе продолжи, предлозите се генерално за зголемен број часови
-
АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети, уништени 22,3 тони небезбедна храна | ФОТО
-
Поднесена кривична за директорот и неколку службени лица на РЕК Битола
-
Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски
-
СДСМ оди на избори на 16 март
-
За викендот облачно со краткотраен дожд, од понеделник постудено со дожд и снег