Лидерите на ЕУ постигнаа договор за седумгодишниот заеднички буџет
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вечерва потврди дека е постигнат договор за повеќегодишниот заеднички буџет и Пакетот за закрепнување.
Мишел, кој претседава со состанокот на лидерите на 27-те земји членки на ЕУ во Брисел, на својот профил на Твитер напиша дека сега може да почне спроведувањето на буџетот и да се работи на закрепнувањето на европските економии.
Унгарија и Полска претходно го блокираа буџетот на ЕУ за следните седум години и пакетот за обнова, вреден вкупно 1,825 милијарди евра, заради спротивставувањето кон новиот механизам што бара буџетско финансирање со почитување на владеењето на правото во земјите-членки.
Германија, како претседател на Советот на ЕУ, на овој состанок претстави компромисен предлог што гарантира правична примена на механизмот, вклучително и проценка на Судот на правдата и можност за жалба до Европскиот совет на земји против кои механизмот може да биде отпочнат.
На денешниот самит, повеќето лидери, вклучително и унгарскиот премиер Виктор Орбан, изразија очекување дека ќе постигнат договор за механизам за следење на владеењето на правото, и со тоа да се деблокира важниот буџет за закрепнување на ЕУ од ефектите на пандемијата.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место