Лидерите на Г7 ќе го продолжат својот годишен самит
Лидерите на Г7 денеска ќе го продолжат својот годишен самит на последниот ден од разговорите, а прашањето за Кина е високо на агендата пред говорот на папата Франциско за вештачката интелигенција.
Додека Украина доминираше на првиот ден од разговорите, Кина ќе биде клучно прашање денеска.
Се очекува лидерите да ја изразат својата загриженост за преголемиот индустриски капацитет на Кина и за поддршката на Пекинг за Русија.
Покрај говорот за вештачката интелигенција, папата Франциско ќе учествува на неколку билатерални средби, меѓу кои и со Бајден, Зеленски и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Ова е историски ден.
Ќе му посакаме добредојде на Папата. Ова е прво учество на еден папа на состанок на Г-7.
Горда сум што ова ќе се случи за време на италијанското претседателство“, изјави италијанската премиерка Џорџ а Мелони.
Лидерите ќе разговараат и за миграцијата, клучно прашање за Мелони, која Покрена нова иницијатива за поттикнување на развојот на африканскиот континент за да се справи со основната причина поради која луѓето ги напуштаат своите матични земји.
Многу од лидерите утре ќе ја напуштат Италија, вклучувајќи го и Бајден, а Мелони рече дека веќе се договориле за заклучоците од самитот, кои треба да бидат одобрени на крајот на денот.
В сабота ќе има билатерални средби пред завршната прес-конференција на Мелони.
Ново на Сител
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес