Лидерот на Хамас во Западниот брег почина во израелски затвор
Лидерот на Хамас на Западниот Брег почина во израелски притвор откако му се влоши здравствената состојба, соопштија денеска палестинските власти.
Мустафа Мухамед Абу Ара (63) почина откако беше префрлен во болница од затворот Рамон во Јужен Израел, се вели во соопштението на палестинската управа за прашања на затворениците.
„Пред апсењето тој страдаше од сериозни здравствени проблеми и му требаше интензивен медицински надзор. Сепак, од моментот на неговото апсење, шеик Абу Ара, како и сите затвореници, се соочи со злосторства без преседан… од почетокот на војната за истребување“, се вели во соопштението.
Абу Ара, беше уапсен во октомври лани, беше подложен на тортура и лишен од медицинска помош, соопштија од палестинската управа и засега нема коментар од Израел.
Најмалку 18 Палестинци ги загубија животите во израелски затвори од почетокот на војната во Газа на 7 октомври, соопшти минатиот месец Здружението на палестински затвореници.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
