Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска

Гренланд треба да води директни разговори со владата на САД без посредништво на Данска, изјави Пеле Броберг, лидер на најголемата опозициска партија во Гренланд, Налерак.
„Ја повикуваме нашата влада да започне дијалог со владата на САД без Данска“, изјави Броберг, лидер на опозициската партија Налерак, која се залага за независност на Гренланд.
Тој рече дека Данска со своето посредништво ги антагонизира и Гренланд и САД. Налерак го дуплираше бројот на места на осум на изборите минатата година, освојувајќи 25 проценти од гласовите во земјата со само 57.000 жители.
Партијата сака договор за одбрана со Вашингтон и ја разгледува опцијата за „лабав сојуз“ според кој Гренланд би добил американска заштита и поддршка во замена за воени привилегии, без целосен пристап кон САД.
Сите партии во Гренланд се стремат кон независност, но се разликуваат во тоа како и кога да ја постигнат. Министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотцфелд, изјави дека Гренланд не може да води директни разговори со САД без Данска, бидејќи законот не го дозволува тоа.
„Мораме да го почитуваме законот и имаме правила за тоа како да ги решаваме проблемите во рамките на Кралството“, изјави таа за весникот „Сермицијак“. Мотцфелд додаде дека е важно да се воспостави стабилен курс во односите со Вашингтон.
„Мојата најголема надеж е дека состанокот ќе доведе до нормализација на нашите односи“, заклучи таа.
Гренланд е автономна територија на Кралството Данска со свој парламент и влада, додека Копенхаген ја задржува контролата врз надворешната политика и одбраната.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, неодамна ги повтори заканите за преземање на Гренланд, оживувајќи ја идејата што првпат ја изнесе во 2019 година.
Островот, стратешки лоциран помеѓу Европа и Северна Америка, е важен за американскиот систем за одбрана од балистички ракети, а неговите богати минерални ресурси се добра можност за Вашингтон да ја намали својата зависност од Кина.
МИА
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ на протест – граѓаните бараат Министерството да не и даде нова лиценца на компанијата
-

Тема на денот со проф. д-р Константин Димитров
-

Протестен марш ,,Стоп за Усје‘‘ против аерозагадувањето
-

Повеќе пари за инвестиции, земјоделие, образование: Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-

Мицкоски: Дипломатската нота за патувањето на моето семејство ги радикализира односите со Софија
-

Пазарна ќе ги споредува цените во целиот синџир на снабдување за да утврди од каде доаѓа поскапувањето
-

Судот во Стразбур: Државата имала право да ги поништи аболициите на Иванов
-

Амандманската расправа за правична застапеност ги судри албанските партии
