Лидерот на венецуелската опозиција избега во Шпанија
Лидерот на венецуелската опозиција Антонио Ледезма, кој беше во куќен притвор од 2015 година поради наводно планирање државен удар, вчера избегал преку границата во Колумбија, по што со авион заминал за Шпанија.
Со наближувањето на претседателските избори во 2018 година, повеќе венецуелски високи опозициски претставници во моментов се во егзил, притвор или им е забрането да вршат јавни функции.
Тие тврдат дека Мадуро ја претворил Венецуела во диктатура, додека Владата нив ги обвинува за соработка со САД со цел симнување на Мадуро од власт.
Ледезма во 2014 година предводеше улични протести против Мадуро, што предизвика повеќемесечни судири во кои загинаа 43 лица.
- Јас денеска во Шпанија се чувствувам слободно. Да не дозволиме Венецуела да ни умре на раце, изјави Ледезма на аеродромот Барајас во Мадрид, каде стигна денеска претпладне.
Ново на Сител
-
Во Прилеп се оддржа „Палачинкијада“ и се прогласи првенци на генерација
-
Преглед на вестите од светот
-
ЗНАМ ги соопшти имињата на новите министри
-
Tема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-
Милошоски, Бендевска и Митрески избрани за потпретседатели на Собранието
-
Факултетот на Мерко се уште нема акредитација, а веќе се објавени условите за упис
-
Двојно убиство во Кратово: Жена ги избодела сопругот и свекорот
-
Лога: Уште сум против работата на Судски, ама разрешување не е решение