Лидерска ќе има, Заев повторно го повика Мицкоски да дојде
Лидерската средба закажана за утре најверојатно ќе се одржи во отсуство на лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Премиерот Зоран Заев вчера на прес-конференција во Владата повторно го повика Мицкоски да дојде на средбата, истакнувајќи дека таа ќе се одржи без разлика на неговото учество и оти е негова одговорност дали ќе се појави на средбата. Мицкоски, пак, не го промени ставот дека не гледа потреба да присуствува на средба на која, како што рече во вторникот, ќе се разговара за се, а не за тоа што и е потребно на земјава – предвремени парламентарни избори. Присуството на средбата го потврдија Али Ахмети од ДУИ и Зијадин Села од Алијансата за Албанците.
– Јас сум подготвен за се да разговарам вклучувајќи го она што Мицкоски сака да го нотира. Правам уште еднаш обид, ред е да се појавиме таму. Не мора да се договориме за сите прашања, но треба да разговараме. Тоа е наша обврска, рече вчера на прес-конференција Заев.
Според него, не можеме да бидеме нормална земја ако лидерите не седнат да разговараат за пописот, бидејќи тој не може да се одложи за уште десет години.
Мицкоски бара да се разговара за предвремени избори, но, како што рече Заев, прво треба да се договорат за Изборниот законик, за чие носење препораки даде и ОДИХР. Според него, неодложно е и носењето на законот за Јавно обвинителство.
– Немам намера да исполнувам желби за предвремени избори, иако знам дека ќе победам, дека власта ќе победи. Но немам намера само заради тоа за да не наштетам на економските перспективи на граѓаните, додаде Заев.
Сепак, Заев рече дека очекува Мицкоски да се појави на лидерската средба, истакнувајќи дека тој, како еден од политичките партиципиенти, ќе продолжи да ги турка процесите што ќе ја внесат државата во НАТО и ЕУ, како и зголемувањето на економските параметри, бидејќи, како што рече, тоа е очекувањето на граѓаните.
Од ВМРО-ДПМНЕ вчера немаше никаков коментар ниту, пак, реакција за повторниот повик на премиерот Мицкоски да присуствува на средбата.
На последната прес-конференција што ја одржа Мицкоски во вторникот побара оставка од Владата и предвремени избори, но и постави низа прашања поврзани со СЈО и инволвираните во случајот „Рекет“.
Најголем дел од партиските преписки и прес-конференции вчера, пак, беа поврзани со случајот „Рекет“ и сомнежите поврзани со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден