-->
-->
Лига 1: Балотели во дебито за Ница постигна два гола
-->
Во своето деби во дресот на Ница Марио Балотели беше стрелец на два гола, а неговата екипа го совлада Олимпик Марсеј со 3:2 и со 10 бодови се наоѓа на втората позиција на табелата исто колку што има и лидерот Монако.
Балотели мрежата на ривалот ја затресе во 7.минута од пенал за водство од 1:0, а потоа погоди и во 78.минута за изедначување на 2-2. Решавачкиот гол за победа го постигна Сиприен во 88.минута. Головите за ОМ ги постигнаа: Тувиан 14.минута и Гоми 72 минута (пенал).
Лидерот Монако во ова коло победи на гостувањето кај Лил со 4:1.
Табела: Монако 10 бодови, Ница 10, Мец 9, Бордо 9, Генгамп 8, Рен 7, ПСЖ 7,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фон Дер Лајен од Скопје: Проширувањето ќе остане врвен приоритет за ек во следните пет години
-
Прва средба на новите членови од историската комисија - Ќе има ли разлики?
-
Помилуваниот Равманоски повторно зад решетки, осомничен за обид за убиство
-
СДСМ го одби предлогот на Мицкоски за стратегија 2050
-
Струмица и Карпош најавија излегување од ЗЕЛС
-
Белград ќе му подари автобуси на Скопје?
-
Во Куманово отворен конзулат на Србија
-
Преглед на вестите од светот