-->
-->
Лига 1: Монако продолжува со победите
-->
Екипата на Монако забележа убедлива победа над Нант во последниот натпревар со кој беше заокружено 28.коло во фудбалскиот шампионат на Франција.
Монако пред својата публика славеше победа со 4-0, а со новите освоени бодови, ја одржа лидерската позиција на табелата пред конкурентите за титулата.
На другите два натпревара одиграни вчера, Олимпик Марсеј како гостин го победи Лориен, а Тулуз и Лил играа ремизираа 1-1.
На претходно одиграните натпревари беа постигнати овие резултати:
Бордо – Олимпик Лион 1-1,
ПСЖ – Нанси 1-0,
Бастија – Сент Етиен 0-0,
Монпеље – Гингамп 1-1,
Мец – Рен 1-1,
Дижон – Ница 0-1 и
Каен – Анже 2-3.
Табела: Монако 65 бода, ПСЖ 62, Ница 62, Лион 47 (натпревар помалку), Бордо 43, Олимпик Марсеј 42, Сент Етиен 40,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје
-
Лазарини: Од Рафа побегнаа 800.000 луѓе, нема безбедно место во Газа
-
Пронајдени телата на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис
-
Северозападна Индија ја зафати топлотен бран, температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен
-
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патиштатa
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип