Фудбал
18. February 2017 - 9:42

Лига 1: Монако „се сопна“ против Бастија

Екипата на бастија успеа да освои бод со лидерот на табелата Монако на првиот натпревар од 26.коло од Лига 1. Синоќа овие две екипи одиграа нерешено 1:1. Бастија поведе во 19. Минута преку Садио Диало, а Монако изедначи преку Бернардо Силва во 52.минута. Со освоениот бод Бастија остана на претпоследната позиција на табелата со 23 бодови, додека Монако е лидер, но конкурентите доколку победат можат да ја намалат разликата.
Денеска се играат пет натпревари од 26.коло, а двојките се: Олимпик Марсеј – Рен, Анже – Нанси, Каен – Лил, Лориен – Ница и Мец – Нант.
Во недела ќе играат: Бордо – Генгамп, Олимпик Лион – Дижон, Монпеље – Сент Етиен и ПСЖ – Тулуз.
Табела: Монако 59 бодови, ПСЖ 55, Ница 53, Олимпик Лион 40, Сент Етиен 39, Олимпик Марсеј 36, Бордо 36,...