Фудбал
28. January 2016 - 9:33

Лига куп: Сити спречи ливерпулско финале

Манчестер Сити ќе игра во финалето во Лига купот, откако во полуфиналниот двомеч го елиминира Евертон. Сити првиот меч го загуби со 1:2, а во реваншот пред своите навивачи славеше со 3:1.
 
Евертон ги шокираше домаќините со голот на Рос Баркли во 18.минута, но домаќинот возврати по само шест минути со среќниот гол на Фернандињо. Бразилецот упати удар од 20 метри, топката на патот кон голот го закачи Бејнс го смени правецот и заврши во голот.
 
Од 24 минута Сити целосно го диктираше темпото, а Евертон го бранеше успешно го бранеше својот гол.
 
Подарок гол доби Сити во 70.минута. Стрелинг проби по левата страна, не ја исконтролира топката таа ја мина гол аут линијата, судиите не реагираа, а напаѓачот на Сити му намести гол на Де Брујне.
 
Шест минути подцна Белгиецот идеално центрираше за Агуеро кој со глава погоди за конечни 3:1.
 
Сенка на пласманот во финалето фрли повредата на Де Брујне, кој во самиот финиш беше на носилки изнесен од теренот.
 
Манчестер Сити во финалето на 28.февруари ќе игра против Ливерпул.