Лига на шампиони: Еурофарм Пелистер за нијанса подобар од Динамо Букурешт 25:24 (12:13)

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва во натпревар од 12. коло од групата А во Лигата на шампиони со 25:24 го совлада романски Динамо и поразен го испрати во Букурешт.
Во интересен и возбудлив натпревар, битолчани успеаја да освојат два бодови со кои остануваат „во игра“ за следната фаза од ракометната Лига на шампиони заедно со Висла, но можеби и со Динамо Букурешт, доколку романскиот тим продолжи со порази во лигата. Всушност, тоа беше и главниот мотив на клубовите кои вечерва пред полната спортска сала демонстрираа снажен и израмнет ракометен дуел.
Во првото полувреме битолчани имаа предност се до 26 минута кога на семафорот беше 12:12, а на одмор со гол предност 12:13, заминаа гостите. Во вториот дел рамноправната игра продолжи, но надежите за гостинска победа ги „стопи“ македонскиот ракометен репрезентативен голман Никола Митревски кој беше несовладлив од сите позиции, и со 16 одбрани успеа на Еурофарм Пелистер да му обезбеди победа од 25:24.
Светските познатите ракометни судии Андреа Марин и Игнасио Гарсија од Шпанија, без грешки го судеа натпреварот и беа поздравени од објективната битолска публика.
Ново на Сител
-

По Венецуела, Трамп со отворена закана и за уште пет држави
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани денеска го слават Бадник, ден пред Христовото раѓање
-

Со македонската коледарска песна „Коледица Варварица“ коледарчиња утрово затропаа на вратите
-

Божиќно послание на г.г. Стефан: Се што доаѓа од Бога носи спасение и вечност
-

Преглед на вестите од светот
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
