Македонија
3. јуни 2016 - 8:28

Ликовна изложба „20 години творештво“ на Даница Дана Крстеска

Изложбата на ликовни дела „20 години творештво“ на авторката Даница Дана Крстеска вечер ќе биде отворена во галерискиот простор на Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар. Изложбата е поддржана од Министерството за култура. 

Во нејзините слики пејсажите, коњите, човечката фигура и мртвата природа заземаат видно место без строго определени академски норми. 

Крстеска е родена на 28 август 1963 година во Гостивар. Со сликарство активно се занимава повеќе од 20 години. Има учествувано на бројни групни изложби и културни манифестации. Живее и работи како самостоен уметник во Гостивар.