Лимани: Над 700 вработувања на Албанци имаше кога бев заменик директор на електрани

Прв пат после 20 години една Влада имаше храброст да го отвори прашањето за балансерот и да го реши со закон за правична застапеност, истакна првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, одговарајќи на пратеничко прашање на Рина Ајдари од Европскиот фронт.
Дваесет години, нагласи тој, каснат со тоа прашање, подвлекувајќи дека прв пат ќе има закон за правична застапеност во јавната администрација. Според него, најголемото достигнување на претходната влада, чиј коалиционен партнер беше ДУИ во последните четири-пет години бил Отворениот Балкан на Вучиќ.
Забележа и дека министрите од претходната власт укажувале дека на балансерот му поминал рокот и за него дале негативно мислиење, а Уставниот суд, како што рече, избран од претходната власт, го укинал.
Пратеничката Ајдари во прашањето му забележа дека не се спротивставиле за балансерот и оти не го донеле законот за правична застапеност, укажувајќи дека последните денови имало над 30 нови вработувања во државни институции, без ниту еден албанец.
На прашањето за правичната застапеност на албанците во институциите, поставено од пратеничката Ајдари, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани изнесе бројки на вработени албанци во детските градинки изминатиот период. Тој го спомена и краткиот период, кога бил заменик директор во електрани на Македонија кога имало над 700 вработувања на албанци, и оти од три отсто, бројот на вработени албанци во институцијата дошол до 9,5 отсто во тој период.
Пратеничката на Европски фронт, Ајдари упати прашање и до министерот за европски прашања Орхан Муртезани во врска со евроинтегративниот процес и уставните измени.
Муртезани и укажа дека приоритет на Владата е изнаоѓање решение за деблокада на евроинтегративниот процес, кој според него, бил оптоварен од договорите на претходната власт.
– Наш приоритет како коалиција и Влада е дека треба да изнајдеме решение да се деблокира евроинтегративниот процес. Деблокирањето на процесот го условуваме со билатерални прашања. Периодот после Уставните измени не треба да се контаминира со други билатерални барања. Билатералните прашања не ги правиме како дел од преговорите, тоа го прифативте вие, рече Муртезани.
Според него, претходната власт, патот кон Европа го ставиле во ќорсокак со прифаќање на билатералните прашања. Ние, подвлече, инсистираме процесот да продолжи без билатерални прашања.
На тоа Ајдари кажа дека по гласањето на Францускиот предлог во Собранието поминала успешна фаза на скрининг, оценета и во Европската комисија и Европскиот парламент и оти актуелната власт ја враќа назад државата во процесот.
Ново на Сител
-

Пожарот кај Исар во Штип под контрола, зафатени фотоволтаици кај Чардаклија
-

Сончев и ветровит викенд, од понеделник можен пороен дожд и грмежи
-

Две возила се судрија на патот Штип-Пробиштип, едно во обид да избегне пламени наноси преминало во спротивна лента
-

Во Франција за една недела починаа речиси 9.000 лица од екстремни жештини
-

Двајца турски државјани се обиделе во Грција да внесат 50 пиштоли наменети за криминални групи
-

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок, порача Мицкоски
-

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за Изборниот законик
-

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус
