Лингард: Мурињо не сакаше да слушне дека некој е повреден
Фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард, зборуваше за соработката со поранешниот менаџер на клубот, Жозе Мурињо.
– На Мурињо навистина не му се допаѓаше кога неговите играчи беа повредени. Тој дури и не сакаше да чуе за тоа. Се што можев да кажам беше: „Не сум јас виновен, шефе!” Генерално, јас и Мурињо имавме одлични односи. Тој се однесуваше добро со мене. Пред да се повредам, ми веруваше, ме стави во составот за важни натпревари. Освоивме пехари, тој ме направи победник, изјави Лингард.
Играчот од средниот ред зборуваше и за неочекуваните телефонски повици на Мурињо.
– Уживаше и во личната комуникација со играчите. Понекогаш неочекувано се јавуваше. Беше чудно. Еднаш се јави и праша: „Џеси, што правиш?“ Јас одговорив: „Се одморам, гледам телевизија“. Потоа имаше пауза, па јас прашав: „Ти што правиш?“ Ми беше многу смешно. Тоа покажа колку е загрижен за играчите, истакна Лингард.
Мурињо беше тренер на Манчестер јунајтед од 2016 до 2018 година. Под негово водство, клубот го освои Лига купот и Суперкупот на ФА, а исто така ја освои и Лига Европа.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
