-->
-->
Лингард со два гола го спаси Јунајтед од пораз
-->

Џеси Лингард го спаси Манчестер Јунајтед од пораз во дуелот против Барнли.
Лингард беше стрелец на два гола, од кои вториот во судиското дополнение на натпреварот, со што Манчестер Јунајтед одигра нерешено 2-2 против Барнли во средба од 20. коло на англиската Премиер лига.
Гостите во првото полувреме создадоа предност од два гола, со погодоците на Ешли Барнс уште во третата минута, односно Стивен Дефур во 36-та.
Но, таа предност се покажа како недоволна, бидејќи во вториот дел Лингард во 53. минута намали на 1-2, а во втората минута од судиското дополнение со својот втор гол го постави конечниот резултат 2-2.
Со само еден освоен бод во овој меч, Манчестер Јунајтед дополнително му дава шанса на градскиот ривал Манчестер Сити да избега во трката на шампионскиот трофеј. Манчестер Сити во моментов има 13 бодови повеќе од Јунајтед, но популарните „граѓани“ утре на гости кај Њукасл ќе го одиграат својот натпревар од оваа рунда.
Воедно и Челзи кој попладнево го совлада Брајтон со 2-0, им се доближи на „Црвените ѓаволи„ на само еден бод негатива во трката за второто место.
Денешната програма од популарниот „Боксинг деј“ ќе ја заокружат Ливерпул и Свонси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Обвинителството бара притвор за осуммина за проневерата на милиони во ФФМ
-

Доктор и медицинска сестра од клинички сакале да шверцуваат ботокс од Република Кореја
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Еврометар 2026: Расте оптимизмот за демократијата и евроинтеграциите
-

Државата си прави монопол со својата лотарија, остри реакции за предлог законот за игри на срекја
-

Граѓаните да инвестираат во Чербен, наместо да купуваат станови - предлог на Ристов
