Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана

Полициски службеници од дебарското одделение лишиле од слобода жител на село Голем Папрсдник, откако кај него пронашле марихуана.
- Синоќа во 21:30 часот на раскрсницата помеѓу селата Новак и Долгаш, лишен од слобода е Е.Д., на возраст од 38 години од село Голем Папрадник, општина Центар Жупа, кој управувал патничко возило и бил сопрен од полициските службеници. Кај него била пронајдена и одземена марихуана, информираа од Секторот за внатрешни работи - Охрид.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници од ОВР - Дебар, вчера во 10:10 часот, го привеле К.Х., на возраст од 58 години од Република Албанија, поради илегален премин на државната граница. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
-

Полицијата во акција против пиротехника
-

Одбележани 6 години Интервентна полиција
-

Преглед на вестите од светот
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
