„Листа српска“,се уште, без став дали да го поддржи Хашим Тачи за косовски претседател
Пратениците од „Листа српска“, се уште, немаат одлучено дали ќе му дадат поддршка за претседател на Косово на вицепремиерот на косовската Влада и шеф на дипломатијата, Хашим Тачи.
Ова, како што пренесува порталот Албеу, го изјави пратеникот на Листа спрска и лидер на Прогресивната демократска партија, Ненад Рашиќ.
Како што Рашиќ објаснува, парламентарната група на „Листа српска“ се уште нема донесено одлука за тоа, но разговорите за ова прашање треба што побрзо да почнат.
-Не сме разговарале за тоа на повисоко ниво, но мислам дека многу брзо ќе разговараме. Разговарав со неколку мои колеги и сметам дека разговорите треба што побрзо да почнат, бидејќи доколку не почнат на време тие нема ни да завршат на време, изјави Рашиќ.
Според најавите, кон крајот на февруари косовскиот Парламент треба да го избере новиот претседател на државата. Врз основа на договорот за формирање на Владата оваа функција треба да ја добие Тачи. Деновиве премиерот Иса Мустафа, кој е лидер на Демократскиот сојуз на Косово, изјави дека договорот ќе се почитува и Тачи ќе биде новиот косовски претседател.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот