-->
-->
Ливерпул назначи Германец за спортски директор
-->
Англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул вчера го назначи 59-годишниот Германец Јорг Шмадтке за нов спортски директор.
Шматдке, кој официјално ќе стапи на должноста на 1 јуни, потпиша краткорочен договор со Ливерпул со можност за продолжување на соработката.
Новиот спортски директор на Ливерпул доаѓа на местото на Џулијан Ворд кој повеќе од една деценија извршуваше разни функции во англискиот гигант.
„На Џулијан и неговото младо семејство му посакуваме сè најдобро во иднина и му благодариме на сè што направи за Ливерпул во текот на изминатите 11 години“, се наведува во клупското соопштение.
Ливерпул, кој од клупата го води сонародникот на Шмадтке, Јирген Клоп, оваа сезона ја заврши на петтото место во Премиер лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ИДФ ги нападна јужните предградија на Бејрут, луѓето масовно бегаат
-

УНИЦЕФ: За седум дена на Блиски Исток загинале околу 200 деца
-

Трамп: Не сум загрижен за зголемувањето на цените на бензинот поради војната со Иран
-

Хегсет: Само што почнавме и ќе се бориме колку што е потребно
-

Без струја делови од Центар и Карпош
-

САД и Венецуела се согласија да ги обноват дипломатските односи
-

Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
-

Европол: Зголемена закана од тероризам во Европската Унија поради конфликтот во Иран
