Љајиќ: Решение за брашното не е постигнато, усогласувањата продолжуваат
- Министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Расим Љајиќ денеска изјави дека со македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски не постигнале согласност околу повлекувањето на спорниот Правилник за обележување на брашното со кој на српските мелничари им беше отежнат извозот на пазарот во Македонија, поради што е одложен и за денеска планираниот состонак во Скопје.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, усогласувањата ќе продолжат во текот на викендот, но ако не се постигне заеднички прифатливо решение, ќе се воведат контрамерки од кои, како што предупреди Љајиќ, штета ќе имаат стопанствниците од двете страни, а ќе бидат загрозени и севкупните билатерални односи меѓу Србија и Македонија.
- Имајќи предвид дека не дојдовме до одржливо решение и до предлог-спогодба, нема причина денеска да патуваме во Скопје. Договорено е во текот на викендот да ги продолжиме усогласувањата за да дојдеме до спогодба која на долгорочен и систематски начин ќе го реши проблемот со извозот на брашно од Србија во Македонија, изјави Љајиќ.
Цел на Владата на Србија, како што рече, е во иднина да се избегнуваат ситуации во кои „секоја година имаме вонцарински бариери на извозот на српското брашно во Македонија“.
- Ова е веќе 13-ти пат во последните неколку години да се поставуваат бариери преку различни модалитети кои во голема мера им го отежнуваат на српските мелничари извозот на македонскиот пазар, истакна Љајиќ.
За да не се воведат контрамерки како единствена алтернатива ако не биде постигнат договор, Mакедонија и Србија, напомена министерот, на секој начин ќе се обидат да дојдат до заеднички прифатливо решение.
Ново на Сител
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
-

Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
-

Мост „Генерал Михајло Апостолски“ - се ослободува трасата за конечно ставање во функција, напиша Ѓорѓиевски
