Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда во „Кампања“
Поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, доби ослободителна пресуда во повтореното судење за случајот „Кампања“.
Пресудата денеска ја изрече судечки совет од Основниот кривичен суд Скопје, на чело со судијката Елена Илиевска-Јосиповиќ.
Во „Кампања“ Бошкоски се гонеше за кривичните дела злоупотреба на средства за изборна кампања и за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со изборната кампања за парламентарните избори на 5 јуни 2011 година. За случајот тој беше уапсен ден по изборите пред ресторанот „Воденица“ во скопската населба Капиштец.
Во пресрет на изрекувањето на денешната пресуда, обвинителството во завршните зборови направи измена на обвинителниот акт односно поради застареност се откажа од гонење за делото злоупотреба на службената положба и овластувања.
Бошкоски се гонеше дека во два наврати земал 7,3 милиони евра за финасирање на изборната кампања во 2011 година од странски државјанин кој во процесот беше и еден од клучните сведоци и се сослушуваше како загрозен сведок под псевдоним З1.
Меѓутоа, тој не сведочеше во повторениот судски процес. Судијката Илиевска-Јосиповиќ рече дека судот во два наврати се обидел да го повика да сведочи, но безуспешно.
„Овие обиди останаа безуспешни со оглед дека од надлежната единица судот е известен дека не може да се утврди, односно не располагаат со податоци за идентитетот на загрозениот сведок”рече судијката.
Во повторениот судски процес, рече таа, судот не можел да утврди дека Бошкоски ги зел парите од странско лице.
Во првиот судски процес, Бошкоски од Кривичниот суд беше осуден на седум години затвор, казна која Апелацискиот суд потоа ја намали на пет години затвор.
Бошкоски ја одлежа казната во „Идризово“, а во меѓувреме поведе постапка пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур. Во јуни 2020 Стразбур пресуди во негова корист бидејќи сметаше дека му биле прекршени правата на фер судење и констатираше дека во текот на судскиот процес имало недостиг на правичност. ЕСЧП одлучи и дека државата треба да му исплати нематеријална штета од 4 500 евра и 1 220 евра за трошоци и расходи.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата